Поразот во Скопје го предомисли Мурињо, „Специјалниот“ сега бара уште две нови засилувања

by
1 минути читање

На почетокот од летото, Жозе Мурињо порача дека посакува четири нови имиња.

На Олд Трафорд потоа пристигнаа Виктор Линделоф и Ромелу Лукаку, а
„Специјалниот“ срамежливо истакна дека поради лудиот трансфер пазар е подговен за компромис и наместо со четири засилувања, ќе се помири и со три.

Манчестер јунајтед минатата недела му исполни уште една желба, на Олд Трафорд пристигна и Немања Матиќ, па Португалецот беше задоволен.

Но поразот во Скопје од Реал Мадрид ги промени неговите планови, последните информации
велат дека тој сега сака уште две засилувања.

Жозе Мурињо бара од Ед Вудворд да го ги обнови преговорите со Интер и да
притисне силно за Иван Перишиќ или пак да го одврзе ќесето и да плати над 100
милиони евра за Герет Бејл.

Тој исто така бара да му биде донесен и нов бек, се шпекулира дека Серж
Орие е на пат за Манчестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани