Поразот од Парма не беше единствен проблем за Милан – останаа без важен фудбалер до крајот на сезоната! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан вчера уште еднаш на домашен терен ги разочара фановите откако загуби од Парма со 1-0, но го загуби и Лофтус Чик кој сериозно се повреди.

Фудбалерот на Милан при еден судир со голманот на Парма заработи фрактура на алвеоларната коска која ги формира и поддржува „лежиштата“ на забите и им дава стабилност.

Повредата е сериозна, Англичанецот ќе мора да оди на операција по која ќе паузира неколку месеци.

Со оглед на тоа што речиси е март, голема е веројатноста дека сезоната за Лофтус Чик е завршена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×