Поразот од Албанија ја остави Србја без селектор!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, по денешниот пораз од Албанија одлучи да поднесе оставка од својата функција.

На прес-конференцијата веднаш по натпреварот, Стојковиќ потврди дека веќе разговарал со челниците на Фудбалскиот сојуз и ја понудил својата оставка.

„Имав разговор со претседателот и генералниот секретар. Понудив оставка. Овој пораз не го очекував, и тоа од тим кој ни е главен ривал за второто место. Ја преземам одговорноста и јас сум единствениот виновник. Жал ми е што загубивме. Така е во спортот, во животот. Ќе има време за разговор. Како одговорно лице, понудив оставка на двајцата челници во Сојузот“, изјави Стојковиќ.

Исткна Пикси и дека нема да го предводи тимот на следниот натпревар.

„Што се однесува до времето, специфично е. Нерационално е да патувам со тимот. Тоа им го кажав. Ме сослушаа и им реков дека нема да одам во Андора. Натпреварот ќе го води Горан Ѓоровиќ“, додаде Пикси.

По овој пораз, Србија останува со седум бодови во квалификациската група. Албанија се зацврсти на второто место со 11 бодови и натпревар повеќе, додека Англија е убедливо прва со 15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×