Новиот француски прволигаш Париз го официјализираше ангажманот на искусниот германски голман Кевин Трап.
Тридесет и петгодишниот чувар на мрежата пристигнува од Ајнтрахт Франкфурт и потпиша тригодишен договор со клубот од главниот град. За Трап ова ќе биде враќање во Париз, откако од 2015 до 2018 година беше дел од ПСЖ со кој освои две шампионски титули и два Купа на Франција.
Мошне интересно е дека Трап ќе брани буквално на сто метри од „Паркот на принцовите“, бидејќи стадионите на двата клуба се буквално еден до друг.
Искусниот голман има и девет настапи за германската репрезентација, а најголемиот успех во неговата клупска кариера е освојувањето на Лигата на Европа со Ајнтрахт во 2022 година.