87
Јасир Асани е поранешен играч на Вардар кој како позајмен
минатата пролет ги бранеше боите на Шкупи.
Асани е изданок од школата на Вардар каде ги минал сите
селекции. Во Првата лига дебитира 2013-тта година, а зад себе има 75
прволигашки мечеви и 14 голови. Со успех може да настапува на двете офанзивни
странични позиции и несмнено со својот индивидуален квалитет ќе го подигне
нивото на играчкиот состав на Победа и ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот.
Со ова најново засилување тренерот Штерјовски ќе има
главоболки околу изборот на најдобрите 11-мина.
Договорот на Победа и Асани е со важност од шест месеци, со
можност за негово продолжување доколку двете страни се задоволни.