658
Минатото лето Али Адем од Вардар се пресели во Арис, но откако не успеа да се наметне во грчкиот тим, испратен е на позајмица во Шкупи.
Шкупи информира дека 20-годишниот фудбалер ќе игра на позајмица кај нив една година.
„Среќен сум што доаѓам во клуб со гоолема традиција во нашата земја и скопскиот регион. Се разбира дека моето доаѓање во клубот е поврзано и со високите амбиции кои ги има клубот а тоа се шампионската титула и успех во Европа. Се надевам дека ќе се адаптирам многу брзо во оваа голема фамилија. Речиси сите соиграчи ги познавам, а неодамна играв заедно со Јакуп Бериша, Бесар Исени и Матеј Цветановски“, вели Адем.