Бени Меккарти, кој две години беше дел од тренерскиот персонал на Ерик тен Хаг, вели дека Холанѓанецот го нема потребниот оган и пасија.
Ерик тен Хаг повторно е под притисок откако Манчестер јунајтед загуби дома од Тотнем, многумина сметаат дека стратегот треба да добие отказ.
Бени Меккарти, кој две години беше дел од тренерскиот персонал на „ѓаволите“ и соработуваше со Тен Хаг, вели дека стратегот ги нема потребниот оган и пасија.
„Во модерниот фудбал, мсилам дека играчите сакаат да видат поголема пасија од тренерот, треба да почувствуваат дека тренерот е со нив, и е подготвен да гине со нив“ – вели Бени Меккарти.
„Од тактички аспект, сметам дека Ерик е топ. Но го нема потребниот оган, ја нема таа пасија. Токму ова е главната разлика помеѓу него и мене“.