Постои надеж да нашиот 25 годишен репрезентативец и член
на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски утре добие прилика уште од првата минута
против гигантот Јувентус, на дуелот од четвртото коло во групата „Д“ од Лигата на
шампионите.
Иако патуваше со експедицијата на португалскиот тим за
гостувањето во Торино, каде Јувентус потешко од очекувањата славеше со 2-1 во
претходното коло, сепак, Жорге Жесус го изостави Ристовски од списокот на
фудбалери за тој натпревар.
„Тој е голем професионалец, работи напорно за да добие
место во тимот на Спортинг Лисабон, ова е голема можност за него да ги покаже
своите квалитети и да се бори за место во формацијата на Жорге Жесус. Верувам дека располага со големи квалитети како фудбалер за добро издание против Јувентус“ вели
Љубинко Друлогиќ, поранешниот селектор на Македонија.
Како дополнителна причина што би можело да го натера
Жесус да му даде шанса на нашиот фудбалер е фактот што стандардниот дефанзивец во тимот, Италијанецот Пичини е повреден, па се отвора голема можност за Македонецот.
Инаку, што се однесува пак до Друловиќ, тој ја предводеше нашата најдобра фудбалска
репрезентација само пет натпревари, во кои имаше учинок од четири порази и едно
реми, очигледно добро ги запознал квалитетите на Ристовски.
Извор: sapo.pt