Поранешниот селектор на Македонија, Никола Илиевски Џиџи е нов тренер на Кадино

by
1 минути читање

Кадино се одлучи на тренерска смена бидејќи се наоѓа во опасната зона во Втората македонска лига запад. 

Клубот соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Борис Мицевски и на негово место доаѓа славниот Никола Илиевски Џиџи.

„Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борис Мицевски му благодариме за се до сега и му посакуваме успех понатаму. А за нов тренер е назначен еден наш познат тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера Никола Илиевски – Џиџи. Фк Кадино му посакува добредојде и многу среќа и успех на новиот тренер“, стои во соопштението на ФК Кадино.

Кадино има амбиција да остане во втората лига и се надева дека искусниот стратег ќе придонесе за подобри резултати во идните натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×