Поранешниот селектор на Албанија упати критики за Панучи, а пофалби за Македонија!

by
1 минути читање

Поранешниот
селектор на Албанија, Астрит Хафизи во улога на аналитичар на „Суперспорт“
упати низа критики на адреса на сегашниот селектор на таа земја, италијанскиот
стратег Кристијан Панучи, во однос на вчерашното издание на нашиот сосед во
Струмица, каде со Македонија одигра нерешено со резултат 1-1.

Првото полувреме
воопшто не ми се допадно, беше страшно, голманот Бериша беше најдобриот играч
на теренот за нас, а тоа треба да не загрижува. Во второто полувреме со
замените нештата се сменија, тимот доби некоја самодоверба, но по водечкиот гол
моравме да постигнеме уште еден за да ја завршиме работата, имавме ситуација за
тоа да се случи…
“ издвои Хафизи кој притоа дополни дека го загрижува играта
на селекцијата на Албанија, без никаква иницијатива и план, како да постојано
се мисли само на бодовите, а не и за играта.

Тој ја
коментираше и нашата селекција, за која рече дека работи на иднината.

Македонија има
изградено помлад тим, кој работи на иднината, добро одигра, одиграа одлично и
во Скадар, дефинитивно покажуваат дека имаат план и добро работат според него

додаде поранешниот селектор на Албанија.

 

Извор/Фото-вест:
sportekspres.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×