Лео Меси можел да го носи дресот на „Нероаѕурите“, ова го отркива поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.
Во 2006, Интер бил подготвен да плати 150 милиони евра и да ја активира откупната клаузула на Аргентинецот.
„Меси беше најблиску до заминување во 2006“ – вели Лапорта во интервју за Гардијан. „Интер достави понуда“.
„Беа подготвени да платат 150 милиони евра, да ја активираат откупната клаузула“.
„Затоа потоа во неговиот договор вметнав клаузула од 250 милиони евра“.
Лапорта потоа објаснува како го убедувал таткото на Лео Меси дека Барселона е најдобро место за Аргентинецот.
„Имав добар однос со неговито татко, Хорхе“.
„Му кажав: „Ќе мора да ја платат клаузулата, јас не сакам да го продадам. Тука ќе биде среќен, ќе се здобие со слава. Таму ќе има успех само на финанскиски план. На твојот син му е пишано да биде најдобар во историјата и тука ќе има тим кој ќе му го овозможи тоа. Ќе ужива тука““.