Манчестер Сити во
неколку ситуации се поврзуваше со Лионел Меси во текот на годините, а еднаш „Граѓаните“
испратиле и понуда до Каталонците во вредност од 80 милиони евра, таа понуда се
случила во 2008. година.
Поранешниот
извршен директор на Манчестер Сити, Гери Кук откри дека клубот во тој период
сериозно ги разгледувал сите можни опции на трансфер пазарот за да ангажира
фудбалер од светска класа, а идејата била токму на таков начин да тргне нивниот
проект под капата на новото раководство, а понуда била испратена и за „десетката“
на Барселона.
„Раководството на
клубот во тој период сериозно се загреваше за нешто големо“ почнува Кук во
интервјуто за „Д Атлетик“.
„Телефонот беше
на маса и Шинаватра разговараше со Пол Олдриџ, кој претходно беше со Вест Хем и
влезе во одредени проблеми поради сагата околу Тевез и Маскерано, тој беше дел
од светот на Шинаватра, сопственикот на Манчестер Сити“ додава Кук.
„Така, замислете
си ја сликата од тој момент, таму е Пол со лондонски акцент и вели: Паиро, само треба да ми кажеш што ќе
сториме, сево ова излегува од контрола“ открива Кук детали од разговорот со
Пјемпонгсант, вториот човек во Манчестер Сити по Шинаватра.
„Паиро во тој момент
беше на масажа и разговараше со нас, ми одговори: ‘Да, да, да! Станува навистина голем проблем сево
ова’“ додава тој.
„Нешто се загуби
во преводот и ова е вистината, се слушнаа зборови како ‘Ние мораме да го ангажираме Меси’“ открива Кук кој потоа додава и за
конфузијата околу целата ситуација помеѓу него и Олдриџ, подготвувајќи ја
понудата, за потоа да следи повик од канцелариите на Премиерлигата за да се
утврди дали истата постоела.
„Пол дојде кај
мене, и ми рече дека сево ова станува конфузно, тој едноставно не знаеше што
правиме во тие моменти, потоа, идниот ден ми се јави Дејв Ричардс од
Премиерлигата, ме праша: ‘Гери,
дали ти подготви понуда за Лионел Меси? 70 милиони фунти? Дали си луд?’“ завршува тој во интервјуто.
Звучи
неверојатно, но Барселона во одговорот кој го дала до Ричардс се изјаснила дека
понудата била генијална.