70
Фановите на Лацио се разочарани, Коларов се враќа во Рим но ќе игра за „римската волчица“.
„Клубот со задоволство може да потврди дека потпиша со дефанзивецот Александар Коларов од Манчестер Сити“ – се вели во соопштението на Рома.
Рома за трансферот ќе плати 5 милиони евра, а 31-годишниот фудбалер стави потпис на тригодишен договор.
„Екстремно сум среќен што сум тука. Ќе давам 100% за Рома и повеќе. Мојата цел секогаш е да победувам“ – изјави Коларов.