Поранешниот генерален директор на Јувентус во преговори со Интер

by
1 минути читање

Поранешниот
генерален директор на Јувентус, Бепе Марота наводно е подготвен да влезе во
Интер откако изминатиов период има преговори со тој клуб, тврдат извори од
Италија.

Тутоспорт пишува
дека претставници на Сунинг изминативе неколку денови имаат редовни средби со
Марота на кое се разговара на таа тема, тие веќе дискутирале на тоа како Интер
да се врати на врвот во италијанскиот и европскиот фудбал, а Марота се гледа
како идеална опција за тие амбиции на тимот од Милано.

Марота беше во
Торино цели осум години, а неколку значајни потписи на фудбалери го направија
лидер на трансфер пазарот во Италија, првиот човек на Јувентус во моментов,
претседателот на тој клуб Андреа Ањели го тргна Марота од клубот, а овој во
неколку наврати посочуваше дека одлуката да си замине не била донесена лично од
него.

Мандатот на
Марота истекува на 25 месецов, но, тој не се ни најде на трибините во победата
над Јанг Бојс синоќа во Лигата на шампионите.

Освен што се
поврзува со Интер, Марота се поврзува и со функцијата директор на куќата на
фудбалот во Италија, како и Манчестер јунајтед. Рома и Наполи беа екипите за
кои се шпекулираше дека имаат пријавено интерес за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×