Поранешниот
директор на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Дарен Ејлс во интервју за „Мирор“
открива детали од тоа како течеле преговорите помеѓу Реал Мадрид и тимот од
Лондон во однос на трансферот на Велшанецот Герет Бејл.
Бејл во
последниот ден од преодниот рок во летото 2013. Година беше презентиран како
нов фудбалер за Реал Мадрид, а шпанскиот клуб издвои 85 милиони фунти за
реализација на овој трансфер.
Ејлс во моментов
ја обавува функцијата на претседател на Атланта Јунајтед, тој го пренесе своето
искуство од периодот на преговорите за Бејл, за кој вели дека тогаш почнала
косата да му опаѓа…
„Нема да ве
изненадам ако ви кажам дека Даниел Леви беше премногу комплициран во целата
ситуација, се бореше до крај речиси за секоја фунта“ открива Ејлс мислејќи на
првиот човек на Тотенхем.
„Се сеќавам дека
неколку пати кога ќе увидов дека договорот ќе пропадне, правевме исцрпни
состаноци, итни. Тоа беше еден од најкомплицираните договори досега во кои јас
лично сум учествува“ додава тој.
„Преговаравме
исцрпно и детално за секоја точка од договорот помеѓу обата клуба, не можете ни
да замислите на какви детали обрнувавме внимание, конечно, трансферот беше
реализиран во последниот ден од преодниот рок, тој период засекогаш ќе го паметам,
косата почна да ми опаѓа реализирајќи го тој договор…“ открива поранешниот
директор на Тотенхем кој вели дека најдоброто нешто од Даниел Леви е фактот што
тој се’ прави за доброто на
Тотенхем, а воедно и извлекува максимумот, се’ за доброто на овој клуб.