Летото во 2017 на
Сан Сиро се случуваше вистинска сапуница. Милан се обидуваше да го продолжи
договорот на својот голман Џиџи Донарума и да го направи тинејџерот еден од
најплатените во Калчото.
Младиот
Италијанец во еден момент одби да стави потпис и под знак прашалник ја донесе
својата иднина. Тоа предизвика револт кај фановите, тие се свртеа против него,
и се случи фамозниот протест кога во Полска, на средбата помеѓу Италија и
Данска на Европското првенство за играчи до 21 година, навивачи со лажни долари
го „наполнија“ голот кој го чуваше голманот.
Двете страни
подоцна сепак успеаја да ги надминат недоразбирањата и Џиџо Донарума на 11.
јули ја продолжи верноста кон Милан. Поранешниот
спортски директор, Масимо Мирабељи сега открива детали од преговорите и се
пофали дека го поразил контроверзниот агент Мино Рајола.
„Тоа што го
сторив беше еднакво на ремек дело. Го поразив Рајола, не му исплативме
провизија“ – вели Мирабели. „Не очекувам дека некој друг ќе му стори нешто
слично“.
„Ми кажа, „Не го
обновивме договорот кога тука беше мојот пријател Галијани, што мислиш дека ќе
се случи сега со тебе и кинезите“. На последниот ден од преговорите, се
сретнавме со Џиџо, неговите родители и агентите. Рајола стана и му рече, „Не
потпишувај, ние си одиме, следи не“. Веднаш штом тој замина, Џиџо го зеде пенкалото
и ги потпиша документите“.
„Сите се чудеа
зошто Донарума пишуваше постови на социјалните мрежи кои беа веднаш бришени.
Едноставно е: Рајола го тераше да ги пишува, јас ги бришев…“.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.