Поранешната
докторка на Челси, Ева Карнеиро ги предупредува Англичаните дека не треба да
брзаат во обидот да се вратат фудбалските возбудувања, таа верува дека се уште
постои опасност од коронавирусот.
„Мојата порака до
нив е дека ние не можеме да разговараме на темата за враќање на
натпреварувањето во целост, кога се уште ја немаме поминато ниту првата фаза“
вели Карнеиро за „Тајмс“.
Денеска се одржа
и состанокот на челниците на клубовите од Премиерлигата, каде се даде зелено
светло за развој на активностите во три фази, доколку се’ се одвива според планот, а првата фаза е враќање
на тренинзите, но со помали групи, а Карнеиро беше запрашана и за оваа тема.
„Ние прво треба
да научиме да се прилагодиме од првата фаза, а најзагрижена сум поради тоа што од
насоките кои се веќе предложени, не се разгледува културата на фудбалот, како и
тоа дека има недостаток на медицинско управување“ додава таа.
Фудбалот во
Англија е суспендиран од средината на март, а пандемијата со коронавирусот
силно ги погоди Островјаните со 34,636 жртви досега, а Карнеиро смета дека
заразата е опасна и за младите, не само за постарите лица.
„Разбирам дека
постојат економски импликации да се игра во ваков период, најмногу во моментов
настрадаа женските спортови, но треба да се има разбирање за ризиците“ заврши
Карнеиро.