Поранешна ѕвезда на Барселона е уапсена поради учество во организација на борба помеѓу петлови

by
1 минути читање

Фабио Рочембак, добрите познавачи на фудбалот одлично го
познаваат ова фудбалско име кое своевремено настапуваше и за каталонскиот
гигант Барселона (2001/05), потоа следеше преселба во Мидлзброу, Спортинг
Лисабон…

По крајот на неговата кариера 35 годишниот Бразилец се
впуштил во мошне сомнителни активности.

Според информациите кои пристигнуваат, Рочембак е уапсен
поради тоа што учествувал во организација на илегални борби помеѓу петлови,
полицијата упаднала во фарма и прекинала мачни борби на која присуствувале
околу 150 луѓе, од кои 57 се уапсени поради злосторство против животната
средина.

Во истата акција пронајдени се 89 петлови подготвени за
борба, оружје, како и дрога во неодредени количини. Истовремено, на лице место
се пронајдени од 75,000 до 100,000 долари во кеш.

Ова не
е прв пат Рочембак да биде поврзуван со вакви активности, со оглед на фактот
што за него ова е второ апсење по она пред шест години, му се заканува казна
затвор од околу две години и висока парична казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани