925
Поранешниот селектор на Македонија, словенечкиот стручњак Среќко Катанец се наоѓа во лоша здравствена состојба.
Поради влошените услови во кои се наоѓа Катанец е приморан да ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Узбекистан кои се закажани од 20 до 31 јануари во Доха. 61-годишникот нема да биде со репрезентативците, а неговото место ќе го заземат помошниците Алеш Чех и Владо Радмановиќ.
Инаку, Среќко Катанец беше еден од најдобрите странски селектори кои ја воделе Македонија. Тој ја водеше нашата селекција од 2006 до 2009 година, а во тој период го достигнавме највисокиот пласман на ФИФА рангирањето на 46. позиција.