Поранешниот голгетер на Јунајтед и Реал Мадрид стана готвач!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид попознат како Чичарито (37), ги изненади фановите со својата нова професија.

Некогашниот мексикански репрезентативец на Тик-Ток сподели кулинарско видео во кое подготвува сендвич „миланеза“. Во видеото пече говедско месо, додава сирење и авокадо, прави домашно песто и сето тоа го става во чиабата. На крајот го пресекува сендвичот, го покажува пресекот и очигледно е задоволен од резултатот.

Чичарито моментално има 37 години, а минатата година како фудбалер на Гвадалахара објави крај на кариерата. Во текот на својата богата кариера остави силен белег во европскиот фудбал. Во дресот на Манчестер јунајтед настапуваше пет години, освои три трофеи, меѓу кои и две титули во Англија, и постигна 59 голови. Во Европа играше и за Баер Леверкузен и Вест хем.

За мексиканската репрезентација забележа 109 настапи и постигна 52 гола, со што стана најдобар стрелец во историјата на својата земја.

@chicha14_

El chicharito sandwich! (Receta no tan secreta)

♬ original sound – Javier "Chicharito" Hernández

Можно е и ова да ти се допаѓа

×