173
Порашениот германски селектор, Јоаким Лев ги критикуваше најавите дека Светското фудбалско првенство во 2030 година може да се прошири на 64 репрезентации.
Според, Лев такво нешто би било премногу и сосема непотребно.
„Пред половина годна слушнав дека ФИФА размислува за такво нешто. Квалитетот веќе се губи со 48 репрезентации. Здравјето и квалитетот на фудбалерите секогаш мора да бидат на прво место. Оваа идеја за 64 репрезентации е многу критична“, додаде Лев кој ја предводеше Германија до титулата на Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Инаку, на Мундијалот во САД, Канада и Мексико кој ќе се одржува идното лето за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.