Жером Боатенг некогаш беше еден од најдобрите фудбалери на својата позиција, но денеска е далеку од старата форма и поблиску да означи крај на кариерата.
Доказ за тоа е и неговата ситуација во австриски ЛАСК со кој го раскина договорот по само 14 одиграни натпревари иако истиот имаше важност до 2026 година.
Раскиото на соработката на ЛАСК и Боатенг го потврди спортскиот директор на клубот, Дино Буриќ.
„Жером во текот на својот престој во ЛАСК се однесуваше професионално и даде се од себе за со своето искуство да помогне на екипата. Посебно имаше важна улога за нашите млади фудбалери кои ги поддржуваше и мотивираше и сакаме да му се заблагодариме на тоа. Му посакуваме се најдобро во неговата понатамошна кариера“, истакна Буриќ.
Боатенг во кариерата во европскиот фудбал го носеше дресот на Хамбургер, Манчестер сити, Баерн Минхен, Лион и Салернитана, а исто така долго време ги бранеше и боите на Германија како репрезентативец.