Денеска на социјалните мрежи се појавија информации дека поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал, починал. За среќа, брзо се покажа дека станува збор за лажна вест.
Според шпекулациите, Абидал наводно „починал“ поради компликации од втората трансплантација на црн дроб што ја имаше неодамна. Сепак, самиот тој реагираше и преку Инстаграм порача дека е добро.
„Некои гласини никогаш не треба да се појават. Тука сум, со моето семесто и во добро здравје, се е во ред. Зад мене е семејството и моите деца. Нека биде јасно, добро сум, жив и здрав. Ви благодарам на пораките за поддршка и загриженоста, сега да се фокусираме на нешто што навистина е важно“, објави Абидал.
Французинот и во минатото се соочи со сериозни здравствени проблеми и во 2011 година му беше откриен тумор на црниот дроб, по што следуваше операција и прва трансплантација. На терените се врати во април 2013 година, а кариерата ја заврши една година подоцна..

Фото: Barcelona FC/X