Поранешен соиграч „распали“ по Жоао Феликс и објасни зошто Португалецот не успеа никаде

by bojan
1 минути читање

Саул Њигез вели дека Жоао Феликс е страшен талент, но лошата работна етика придонела Португалецот да биде промашување во секој клуб каде што настапувал.

Жоао Феликс летото во 2019 се пресели во Атлетико Мадрид во зделка тешка 127 милиони евра, но не се снајде во главниот град на Шпанија, ниту пак блесна во Челси, Барселона и Милан, каде имаше кратки авантури.

Со 25 години, тој сега се реши за авантура во Саудиска Арабија и останува да се види дали овој трансфер ќе му ја оживее кариерата.

Саул Њигез сега откри повеќе детали за карактерот на Жоао Феликс и објасни зошто перспективниот Португалец.

„Тој ги има сите потребни квалитети за да биде страшен фудбалер, и кога сака да биде, тој е страшен фудбалер. Го гледав секој ден на тренинг и знам што може да направи. Тој е брз, со одлична техника и добар финиш. Но само ова не е доволно. Без разлика колку сте добар, доколку не работите, доколку не сте дел од групата, без разлика колку сте квалитетен, колку сте добар, колку потенцијал имате… фудбалот е тимски спорт“ – вели Саул Њигез, кој делеше соблекувална со Жоао Феликс во Барселона.

„Талентот без напорна работа не ви вреди ништо. Навистина е жално бидејќи тој е многу, многу, многу добар фудбалер“.

Саул Њигез потоа додаде: „Се обидов да му помогнам, за да се чувствува подобро, за да игра подобро, но кога кажувате ДА, а всушност не слушате – нема што повеќе да се направи. Не можете некого да натерате со сила да прави одредени работи. Не можете да му помогнете на тој што не сака помош“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×