Легендарниот Џон Тошак, кој една година беше и селектор на Македонија, боледува од деменција и има проблеми со краткорочната меморија.
Џон Тошак се соочува со сериозни здравствени проблеми, неговиот син Камерон откри дека легендата на Ливерпул и Велес боледува од деменција.
„Ова е страшна болест, погодена е неговата краткорочна меморија. Разговарам со него секој ден, и понекогаш кога ќе се слушнеме попладне, не се сеќава дека сме разговарале и утрото“ – вели Камерон.
Но тој одлично памти се од славните денови како играч на Ливерпул, или од времето кога беше тренер на Реал Сосиедад или Реал Мадрид.
„Но ако го прашате нешто за Ливерпул, Реал Сосиедад или Реал Мадрид, деталите се неверојатни“.
„Пред некој ден ми раскажуваше за натпревар на Реал Мадрид против Милан предводен од Ариго Саки, и како тој ја скроил тактиката за да го сопре Марко ван Бастен. Како вчера да се играл натпреварот, толку добра му беше меморијата“.
Џон Тошак во својата богата кариера како тренер, една година помина и на кормилото на репрезентацијата на Македонија.