Поранешен играч на Интер и Рома уапсен поради шверц на кокаин!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екс-ѕвездата на Интер, Рома и репрезентацијата на Белгија Раџа Наинголан се најде во проблеми со законот.

Според белгиските медиуми, Наинголан е уапсен поради поврзаност со истрага за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа. 36-годишникот кој настапува за бегиски Локерен беше на испитување и е еден од осомничените во истрагата која е во тек.

Контроверзниот фудбалер и во минатото беше поврзуван со шверц на кокаин заедно со бизнис партнерот Ибрахим Ахмадун.

Во својата кариера Наинголан настапуваше за Каљари, Рома, Интер, Спал, Антверп и индонезиски Бајанкари, а сега игра во втората белгиска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани