12
Иднината на Алваро Арбелоа е неизвесна, доколку не освои голем трофеј, Реал Мадрид ќе назначи нов тренер за следната сезона.
Како еден од кандидатите се споменува Сеск Фабрегас, поранешниот фудбалер на Барселона.
Фабрегас фантастично ја води екипата на Комо во Серија А, се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите.
Резултатите на Фабрегас го привлекуваат вниманието на големите, а шпанските медиуми пишуваат дека загризал дури и Реал Мадрид.
Шпекулациите ги поттикна и присуството на Фабрегас на трибините на вчерашниот меч меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.