Поранешен голман на Шахтјор и Динамо Киев сакал да избега од Украина – го фатиле на граница! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Украинските медиуми пишуваат дека поранешниот голман на Динамо Киев и Шахтјор, Артур Рудко, бил приведен при обид да ја напушти државата, по што веднаш бил испратен во центар за воена обука.

Рудко последен пат настапуваше за Черноморец Одеса, клуб што го напушти на крајот од минатата сезона.

Во својата кариера ги бранеше и боите на Говерла, Металист Харков, полски Лех Познањ, како и на Шахтјор Доњецк, пред минатата година да се пресели во Черноморец.

Зад себе има и повеќе настапи за младинските репрезентации на Украина. Тој бил фатен заедно со уште неколку лица, а сега ќе мора да биде вклучен во воениот конфликт со Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×