Поранешен фудбалер на Реал Мадрид заврши во полиција поради ракови

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Португалија, Фабио Коентрао завршил во полиција поради нелегално одгледување на ракови, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Коентрао наводно одгледувал повеќе од еден тон ракови од различни видови и тоа без дозвола.

Имено, Португалецот фудбалската кариера ја заврши пред три години и од тој момент се насочи на риболовот за што зборуваше и во медиумите.

„Татко ми имаше брод и секогаш бев дел од риболовот, така се роди и мојата желба. Често пати одевме заедно кога имав време и бев на одмор. Знаев дека еден ден кога ќе се простам од фудбалот мојот живот ќе оди во таа насока. На море се чувствувам среќен, сакам да живеам таков живот. Многумина на ова гледаат како срамна работа, но не е така.

Станува збор за работа како и секоја друга и треба да се почитува“, изјави Коентрао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани