Поранешен фудбалер на Арсенал новиот тренер на Тотнем го нарече – водоинсталатер!

by Стефан
1 минути читање

Игор Тудор неодамна ја презеде клупата на лондонски Тотнем како наследник на Томас Франк, но неговото доаѓање предизвика поделени реакции, дел од фановите и експертите сметаат дека станува збор за голем ризик.

Слично мислење има и поранешниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Киоун, кој во интервју за британските медиуми ангажманот на Тудор го спореди со работа на „водоинсталатер“.

„Не знам како стана тој ‘пожарникар’ за кој сите зборуваат. Во Марсеј, Лацио, Јувентус… не издржа ниту една календарска година. Не мислев дека ќе стигнеме до тоа да имаме тренери како водоинсталатер – доаѓа набрзина, завршува работа и си заминува. Ова е голем ризик“, порача Киоун.

Во последните 13 години, Тудор водеше дури 12 клубови, најчесто како решение во кризни ситуации, па сега една таква улога го чека и во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×