Поранешен фудбалер брутално убиен во Белград

by riste
1 минути читање

Поранешниот српски фудбалер, Живко Бакиќ, бил убиен во Белград, пишуваат српските медиуми.

Според информациите, Бакиќ кој имаше 43 години се наоѓал во куќен притвор, издржувајќи казна што му ја изрече српскиот суд во 2023 година за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа. Нему му било дозволено ограничено движење под надзор.

Неговото безживотно тело било пронајдено во шума, во близина на местото каде што живеел, со три прострелни рани.

Српската полиција отвори истрага за пронаоѓање на сторителите, тргнувајќи од претпоставката дека тие добро го познавале движењето на жртвата. Бакиќ се сметал за шеф на организирана криминална група позната како „Балкански картел“.

Живко Бакиќ, познат и по прекарот Жиќа, бил дел од криминална мрежа која прошверцувала 324 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа. Групата беше разбиена во септември 2023 година, а токму Бакиќ тогаш беше посочен како нејзин водач. Се сомневало и дека бил близок со осудуваниот нарко-бос Зоран Јакшиќ.

И покрај тоа што важеше за талентиран спортист, поранешен младинец на Црвена звезда и фудбалер на Рад, Зета и Земун, тој рано ја напушти фудбалската кариера. Подоцна се посветил на изнајмување недвижности на Ибица, иако, според наводите, паралелно бил вклучен и во нелегални активности.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×