Може да се каже дека
Лидс излезе од резултатската криза, а тоа се должи на фантастичните изданија на
нашиот репрезентативец, 25 годишниот Езгјан Алиоски.
Популарниот „Џани“
постигна четири гола во серија со Чемпионшиплигашот, а за своите одлични изданија
во последниов период добива пофалби од сите страни, па така стигнаа и пофални
коментари од поранешниот член на Вулверхемптон.
„Ова момче е навистина
добар фудбалер, со одлични квалитети. Тој е фантастичен техничар“ рече
поранешниот репрезентативец на Република Ирска, Кејт Ејндрус кој воедно го
ко-коментираше мечот помеѓу Вулверхемптон и Лидс каде Алиоски постигна убав гол
кој на крајот не придонесе многу, откако неговиот тим загуби со 4-1 на тоа
гостување.
„Не е само начинот на
кој тој игра, туку и квалитетот кој го носи на себе а воедно го префрла и во
самиот тим“ се надоврза поранешниот фудбалер на Лидс, Дејвид Пратон.
Алиоски на 17 настапи
постигна 5 погодоци.
Извор:
hitc.com