Англискиот фудбал се
чини дека е целосно поинаков во однос на останатите, познато е дека на Островот
се бара од фудбалерите максимална физичка подготвеност за тамошните натпревари,
календарот е мошне исцрпувачки, а сето тоа бара дополнителна енергија за
фудбалерите кои се натпреваруваат во англискиот фудбал.
Алиоски го поднови својот татко со автомобилот за кој секогаш сонувал (ФОТО)
Во Англија нема
оправдување за никого, па така и за нашиот Џани, кој се најде на „тапет“ низ
тамошните медиуми по првиот пораз на неговиот тим за оваа сезона по осум
одиграни кола во Чемпионшиплигата, (1-0) на гостувањето кај Милвол, а нашиот
фудбалер беше заменет уште на стартот од второто полувреме.
Алиоски ја доби наградата за гол на месецот во Чемпионшиплигата: Овој гол и оваа награда се посебни за мене! (ФОТО)
Говорејќи во интервју за
„ББС Радио Лидс“, Ноел Велан сугестираше дека на нашиот 25 годишен
репрезентативец, Езгјан Алиоски потребно му е да се адаптира на физичките
барања во Чемпионшиплигата.
„Тој беше за мене
главното прашање од овој натпревар, дали беше доволно подготвен да се справи со
физичките барања против Милвол…“ вели Велан.
Алиоски не одигра ниту минута против Бартон, а ги воодушеви фановите на Лидс со неговата порака на социјалните мрежи (ФОТО)
„Истото прашање си го поставив
и на мечот против Болтон исто така… Во укажаните прилики е добар, немам
сомневање во тоа, меѓутоа кога ќе дојде на натпревар каде е потребна физичка
подготвеност до максимум, во тој случај него едноставно го нема на теренот…“
додава поранешниот напаѓач на Лидс.
Извор: hitc.com