Поранешен играч на Реал открива комична анегдота за првата средба со Меси: Ова ситно дете ќе не растури?

by
1 минути читање

Шпанецот, кој е
дете на „Кралевите“ но не доби поголема шанса во првиот тим, овој викенд ќе му
се спротивстави на Лео Меси во дербито на Барселона, откако потпиша за Еспањол.

Естебан Гранеро
на медиумите од Шпанија сега им открива комична ангдота за првата средба со Лео
Меси.

Тие се
генерација, па за прв пат се сретал со Аргентинецот пред 15 години, кога биле
деца и играле во школите на Реал односно Барса.

„Ние сме од
генерацијата 1987, па го познавам 15 години
– вели Гранеро. „Игравме на турнир во Виљареал со Реал
Мадрид и бевме во истиот хотел со Барса. Имав добар однос со играчите со кои
игравме за репрезентацијата како Пике, Марк Валиенте, Секс…“.

„Се видов со Пике
во хотелот. Во тој период, постојано ги победуваме, но тој ми рече: „Оваа
година ќе ве победиме“. Му кажав дека немаат шанси, но тој ми врати: „Ќе видиш,
имаме ново дете кое е брилијантно“. Го прашав за кого се работи и ми го покажа (Меси)
кој стоеше во базенот. Видов едно мало дете, навистина ситно. Пике е голем
шегаџија, па мислев дека се работи за уште една негова шега, мислев дека повеќе
тера мајтап со соиграчот отколку со мене. Тогаш за прв пат го видов Меси
.

Но Гранеро за
кратко време увидел дека Жерард Пике овој пат не се шегува: „Меси не растури
сам. Не победија со 3-0. Било каква топка да добиеше, ја смируваше со
леснотија. Беше спектакуларен. Толку мал а силен како карпа. Неверојатно беше
како топката му се лепеше за стапалото. Беше брутално, речиси невозможно да му
се одземе топката. Бевме исплашено од она што тој може да стане!

„15 години
подоцна, се уште го гледам на теренот и си велам: „Е*и се, овој уште игра!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×