Поранешен играч на Барса потпишал со Динамо, а го испратил да игра неговиот брат близнак?!

by bojan
1 минути читање
Едгар Ие

Динамо Букурешт во февруари потпиша со Едгар Ие, но постои сомнеж дека наместо поранешниот фудбалер на Барселона, изминативе месеци дресот го носел неговиот брат близнак Еделино.

Медиумите од Романија пишуваат за најголемата измина во модерниот фудбал, во фокусот е Едгар Ие, поранешен фудбалер на Барселона.

Дефанзивецот во февруари потпиша за Динамо, но сега пости сомнеж дека тој ниту еднаш не го облекoл дресот на клубот од Букурешт, и всушност играл неговиот брат близнак Еделино.

Спорно е тоа што Едгар Ие не зборувал англиски и комуницирал само на португалски и покрај тоа што има играно во Шпанија, Франција, Турција и Холандија.

Од таборот на Динамо Букурешт неодамна се обиделе да ги расчистат дилемите и побарале од Едгар Ие да им ја покаже возачката дозвола, но тој одбил да го стори тоа. Се говори за можноста да биде побарана ДНК анализа и на тој начин да биде решена дилемата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани