73
Вест Хем тргна лошо во
новата сезона, па се најде во зоната за испаѓање по 11 одиграни кола во
англиската Премиерлига со само девет бода, тоа значеше дека жртва во целата
оваа ситуација ќе се најде Славен Билиќ кој во изјава за тамошните медиуми
истакна дека одлуката на клубот е очекувана.
По оваа информација со
реакција на социјалните мрежи се јави и Шпанецот Алваро Арбелоа кој во една
сезона под кормилото на хрватскиот стратег одигра само три меча, а очигледно
дека немале добра комуникација.
„Подобро доцна, отколку
никогаш…“ напиша Шпанецот.