Поранешен фудбалер на Рома седнува на кормилото, „Волчицата“ го најде наследникот на Спалети

by
1 минути читање

Еузебио Ди Франческо, кој од 1997 до 2001 го носеше дресот на Рома, ќе седне на жешкото столче на Олимпико.

47 годишниот стратег беше прв фаворит за наследник на Лучано Спалети, но „Римската Волчица“ не можеше да пронајде договор со Сасуоло за висината на обесштетувањето.

На крајот Сасуоло попушти и денеска го раскина договорот на Еузебио Ди Франческо, па попладнево стигна и официјална потврда.

„Рома е задоволна што може да соопшти дека Еузебио Ди Франческо е нов тренер“ – гласеше известувањето.

„Стратегот стави потпис на две годишен договор и се обврза до 30. јуни 2019“.

За новата авантура, Ди Франческо рече: „Многу сум среќен што се вратив во Рома, клуб кој секогаш ми значел многу“.

„Благодарен сум му на претседателот Џејмс Палота и на сите директори за оваа укажана шанса“.

„Ќе го дадам максимумот за Рома да ги оствари резултатите кои ги заслужува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани