40 годишниот фудбалски стратег Фил Невил, е заинтересиран
да го води англискиот премиерлигаш Евертон од клупата, откако овој клуб му
врачи отказ на Роналд Куман.
Евертон со осум бода од девет кола во Премиерлигата се
наоѓа во зоната за испаѓање, а клубот по трансферот на Лукаку во Манчестер
јунајтед изминатото лето потроши огромни средства за засилувања кои не донесоа
бенефит, а жртва по овие слаби резултати беше холандскиот фудбалски стратег.
Според информациите кои ги пренесува „BBC Sport“, Фил Невил веќе
изразил подготвеност да ја среди ситуацијата во Евертон, клуб каде играше осум
сезони (2005/2013) а имаше 242 настапи. Претходно играше за Манчестер јунајтед
11 сезони (1994/2005) и забележа 263 настапи за тој клуб.
Невил во сезоната 2015/16 беше асистент во шпанскиот
прволигаш Валенсија а подоцна и шеф на стручниот штаб на таа екипа.