Поранешен фудбалер на Ливерпул лажно објави дека потпишал за Барса и направи хаос на Твитер (ФОТО)

by
1 минути читање

22 годишниот
дефанзивец на англискиот третолигаш Олдам, Рајан Меклаули на својот Твитер
профил објави фотографија на која позираше со дресот на каталонскиот гигант
Барселона, држејќи го на рака како на презентација во нов играч на тој клуб, и
тоа на арената „Камп Ноу“.

Нов предизвик.
Им благодарам на пораките на сите, едвај чекам да почнам во голем клуб како што
е Барселона. Почестен сум
“ напиша Рајан, но ова беше шега, која за момент ги
крена фановите на нозе.

Меклаули беше на
одмор во Барселона, па го истористи тајмингот да си купи дрес од овој тим во
клупските продавници.

Меклаули
потекнува од фудбалската школа на Ливерпул, но не забележа ниту еден настап во
сениорскиот состав на премиерлигашот, по што премина во редовите на Олдам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани