Поранешен француски репрезентативец доби две години затвор за сексуален напад

by bojan
1 минути читање
Бен Једер

Поранешниот француски репрезентативец и капитен на Монако, Висам Бен Једер е осуден на две години затвор за сексуален напад, сепак тој нема да заврши зад решетки, казната е условна.

Животот на ВисенБен Једер во последниве година дена се претвори во пекал, напаѓачот остана без договор откако Монако одби да му го продолжи договорот, а се најде и во проблеми со законот.

Денеска доби беше осуден на две години затвор за сексуален напад, сепак нема да заврши зад решетки, казната е условна.

Инцидентот се случи во септември месец, а на рочиштето што се одржа минатиот месец, Бен Једер рече: „Ова е навистина тежок период за мене, имав проблеми со агентите, со сопругата… пиев три или четири дена, пиев се повеќе и повеќе и ситуацијата само се влошуваше“.

„Бев пијан, не бев при себе“.

„Не паметам што се случи. Поради алкохолот, имам дупки во меморијата. Искрено барам прошка од девојката, од семејството..:“

Покрај условната затворска казна, тој ќе треба на жртвата да и плати и 6.500 евра компензација.

Бен Једер ќе остане и без возачката дозвола бидејќи возел под дејство на алкохол, а ќе плати и глоба од 5.000 евра бидејќи одбил да ги следи инструкциите на полицијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани