Поради трагедијата во Кочани, Комити нема да одат на гостувањето во Битола

by riste
1 минути читање

Навивачката група Комити, соопшти дека во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани и солидарност со семејствата на преживеаните, тие нема да одат на гостувањето во Битола против Пелистер.

Во сабота на 29 март, Пелистер ќе го пречека Вардар во ново коло од Првата македонска фудбалска лига. Се очекуваше присуство и на навивачката група од Скопје, но тоа сепак нема да се случи.

„Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29.03.2025 во Битола, против екипата на Пелистер.
Сметаме дека во моменти кога народот тагува и жали, ова е единствената логична одлука која групата можеше да ја донесе.
Вардар во срцето, Македонија во душата!“,
стои во соопштението на Комити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани