Поради ситуацијата на Ругани, целиот тим на Јувентус со стручниот штаб и работниците во клубот ќе оди во изолација од 14 денови.
Веројатно Кристијано Роналдо својот период на изолација ќе го помине во Португалија бидејќи тој во моментов е таму, на посета кај неговата мајка.
Но, „Ла Република“ пишува дека во изолација може да оди и цел тим на Интер бидејќи во неделата се играше големото дерби помеѓу овие два клуба.
Фудбалерите на Интер имаа контакт со Ругани и со луѓе кои имале контакт со него. Тоа беше пред само три дена што значи дека фудбалерот на Јувентус можеби и тогаш во себе го имал заразниот вирус.
Голема е веројатноста покрај Јувентус и Интер да оди во изолација. Серија А веројатно ќе се прекине. А останува да видиме што ќе биде со Лигата на шампионите бидејќи Јуве сигурно нема да го игра мечот со Лион следната недела.