44
Милан се соочува со сериозни кадровски проблеми во офанзивата поради големиот број повреди, па тренерскиот штаб беше приморан за Суперкупот да повика и шестмина млади фудбалери од Примавера и тимот на Милан Футуро.
Меѓу нив се најде и Максимилијан Ибрахимовиќ, кој сезонава настапува во дресот на Милан Футуро и веќе има постигнато 4 погодоци. Младиот напаѓач доби шанса да биде дел од првиот тим во важен натпревар, што е јасен сигнал дека клубот внимателно ја следи неговата форма и развој.
Со ваков потег, Милан покажува дека и во тешки моменти е подготвен да им даде доверба на талентите од сопствената школа.