Поради правило кое не е многу познато Салиба не смееше да шутира пенал против Јунајтед

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер јунајтед вчера на пенали го победи Арсенал во ФА Купот и обезбеди место во следната фаза, а во пенал серијата не смееше да учествува Вилијам Салиба.

Фудбалерот на Арсенал беше на теренот по истекот на 120 минути, но поради правило кое не е многу познато на јавноста не смееше да биде помеѓу изведувачите на ударите од белата точка.

Имено, според правилата на ФА Купот двете екипи во пенал серијата мораат да имаат ист број на изведувачи, а бидејќи Диого Далот доби црвен картон во Јунајтед еден мораше да „отпишат“.

Изборот на крајот падна на Салиба, иако тоа можеше да биде и голманот Раја кој остана помеѓу фудбалерите кои имаат право да шутираат.

Победата во пенал серијата на крајот ја однесе Манчестер јунајтед, а трагичар беше Каи Хаверц кој единствен промаши кај Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани