Поради популарната ТВ серија Гомора го одбил Наполи и сега е на чекор до Јуве

by
1 минути читање

Клубот од Сан
Паоло минатото лето се обидуваше да се засили со 24 годишниот фудбалер од
средниот ред на Лион, Корентин Толисо.

Но зделката не се
реализираше а играчот сега би можел да заврши во лутиот ривал Јувентус, се почесто се говори за негова преселба во Торино во зделка вредна околу 40 милиони евра.

Една од причините
за пропаднатиот трансфер е познатата ТВ серија Гомора, која го прикажува организираниот
криминал и односот на гангстерите, дилерите на дрога и обичните луѓе во
Неапол.

Корентин Толисо
се исплашил откако му била посочена криминалната ТВ серија, и се предомислил за преселбата во Наполи.

„Тој беше многу
блиску до трансфер во Наполи, но некој го исплаши момчето и му кажа дека животот
во Неапол е сличен како во серијата
– открива агентот Фредерик Гуера.

„Му зборуваа за
Гомора, која се прикажува и во Франција
.

„Јас знам дека
Неапол е прекрасен град, но го исплашија со Гомора и сториите за насилство
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани