Поради оваа срамна одлука судија доби доживотна суспензија од ФИФА (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Победата на Јужна
Африка од 2-1 над Сенегал во ноември минатата година предизвика многу полемики
откако првиот гол на домаќините падна по непостоечки пенал.

Топката го удри
дефанзивецот на Сенегал, Калиду Кулибали во колено, но судијата некако успеа да
види играње со рака и покажа на белата точка.

Сенегал веднаш
достави жалба, па ФИФА одучи дека судијата влијаел врз резултатот на
натпреварот и му изрече доживотна суспензија од сите фудбалски активности.

„ФИФА има
политика на нулта толеранција за местење на натпревари и е посветена да го
заштити интегритетот на фудбалот
– се вели во соопштението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани