Бранителот на
титулата во Франција, тимот на ПСЖ славеше победа од 2-4 на гостувањето кај
Ним, домаќините успеаа да се вратат од 0-2 негатива, но, на крајот Мбапе и
Кавани го решија победникот во корист на фаворитот.
Токму Мбапе е
фудбалерот за кого се зборуваше од средбата во Ним, откако ѕвездата на ПСЖ
заработи црвен картон во финишот од мечот. Саваниер имаше старт од зад
грб над Мбапе, овој ги загуби нервите и имаше бурна реакција оттурнувајќи го
противничкиот фудбалер, а главниот арбитар не се двоумеше да му покаже втор жолт, по кој по автоматизам следеше и црвен картон.
Поради оваа
негова реакција, од куќата на фудбалот во Франција, Мбапе доби суспензија од
три натпревари.