Поради оваа објава на социјалните мрежи, фановите на Сити се надеваат на трансфер на Лаутаро (ФОТО)

by
1 минути читање

Шпекулациите за
можен трансфер на Лаутаро Мартинез во Манчестер Сити се зголемија по само една
фотографија објавена на социјалните мрежи, на која напаѓачот на Интер е во
друштво на своите најблиски, меѓу кои и неговиот брат.

Тоа што е
најинтересно, на фотографијата неговиот брат е во дресот на англискиот првак,
веројатно е дека навива за Манчестер Сити, па фановите на тој клуб видоа голема
надеж во сево ова дека можноста Лаутаро да потпише за „Граѓаните“ е голема.

Лаутаро во новата
сезона игра фантастично во друштво на Лукаку во нападот на Интер, досега
постигна 13 погодоци во 22 настапи во сите конкуренции за „Нероаѕурите“.

На Островот
веруваат дека во Манчестер Сити и дефинитивно во Лаутаро Мартинез гледаат
најидеален наследник на Серхио Агуеро во нападот на тој состав, а трансферот би
можел да биде реализиран за сума од околу 84 милиони фунти.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/9UCEeA0WEb

Можно е и ова да ти се допаѓа

×