Македонецот во неделата
постигна гол кој сигурно ќе биде еден од најубавите во Калчото оваа сезона, но
потоа во продолжението од мечот набрзина заработи два жолти картони и беше исклучен
Горан Пандев денеска
ја дозна казната и луѓето од дисциплинската комисија не беа наклонети кон него.
За црвениот картон доби еден меч суспензија, но беше санкциониран и за навреди
упатени кон судијата, па доби дополнителен меч суспензија како и парична глоба
од 12 илјади евра.
Ваквата одлука
значи крај на годината за Горан Пандев, тој не само што ќе го пропушти дербито
на Џенова и дуелот со Сампдорија, ќе мора да го прескокне и враќањето на Џузепе
Меаца и пресметката со поранешниот клуб Интер, па за него заврши годината.