„Поради нас правеа прослава и за титула од Копа дел Реј” – Пике пак го „пецна“ Реал Мадрид

by
1 минути читање

Реал Мадрид стана
првиот клуб кој успеа да ја одбрани титулата од Лигата на шампионите, откако во
Кардиф со 4-1 го совлада Јувентус.

На новиот успех
во Европа, „Кралевите“ ја придодадоа и титулата од Шпанија.

Но за Жерард
Пике, овој успех не може да се споредува со доминацијата на Барселона од пред
неколку сезони.

„Не може да го
споредите она што ние го освоивме изминатите сезони, со она што Реал Мадрид го
освои во последните две сезони
– вели дефанзивецот на Барса.

„Нашата
доминација го натере Реал Мадрид да прави победничка парада и за освојување на
трофејот од Копа дел Реј
.

„Денот кога ние
ќе правиме парада за триумф во Купот, тогаш ќе можете да кажете дека Реал
Мадрид доминира
.

Барселона оваа
сезона ја заврши само со трофејот од Копа дел Реј, „Каталонците“ веруваат дека
ова е неуспех, па немаше никаква прослава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани